ЕкономијаМакедонија

„Фајнанс тинк“: Растот на цените на горивата е сериозен ризик за нов бран поскапувања

Во графикон објавен на фејсбук-страницата на „Фајнанс тинк“ кој е од Европската комисија и Национални извори на податоци за Западен Балкан, може да се забележат цените на нафтата на 4 мај годинава. Најниска нафта за литар има Малта каде се продава за 1,34 евра, потоа е Бугарија со 1,48 и на трето место е Полска чии граѓани плаќаат по 1,51 евра за литар. Македонија се наоѓа на четврто место со 1,52 евра за литар и е пред Шпанија, Кипар и Словенија

Иако цените на храната во моментов се релативно стабилни, растот на цените на нафтата на светските пазари создава сериозен ризик од нов бран поскапувања, велат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.

Според нив, главниот притисок доаѓа од енергетскиот сектор. Иако во април кај храната е забележан минимален месечен пораст од 0,7 отсто, ситуацијата може брзо да се промени особено кај производите и услугите со високи транспортни и енергетски трошоци.

„Маслото за јадење веќе покажува чувствителност на растот на светските цени на нафтата, делумно и поради зголемената употреба на земјоделски суровини за биогорива“,се вели во објавата на„Фајнанс тинк“.

Податоците од почетокот на мај потврдуваат дека дизелот поскапува низ цела Европа. Според „Фајнанс тинк“, дел од владите веќе интервенирале со намалување или ограничување на даночниот товар врз горивата. Тоа, како што велат, укажува дека актуелниот раст е доминантно придвижен од поскапувањето на нафтата и набавната цена на горивата на меѓународните пазари, а не само од домашните фискални политики.

Во графикон објавен на фејсбук-страницата на „Фајнанс тинк“ кој е од Европската комисија и Национални извори на податоци за Западен Балкан, може да се забележат цените на нафтата на 4 мај годинава. Најниска нафта за литар има Малта каде се продава за 1,34 евра, потоа е Бугарија со 1,48 и на трето место е Полска чии граѓани плаќаат по 1,51 евра за литар. Македонија се наоѓа на четврто место со 1,52 евра за литар и е пред Шпанија, Кипар и Словенија.

Според објавата, најскапа нафта има во Холандија каде за литар се плаќа 2,39 евра за литар.

Економистите предвидуваат дека енергетскиот притисок со задоцнување ќе се пренесе и кај основните прехранбени производи.

„Во услови на продолжени геополитички тензии и нестабилни енергетски пазари, ризикот од ново разгорување на инфлацијата останува значителен“,велат од „Фајнанс тинк“.

Сепак, експертите не очекуваат инфлациската динамика да ги достигне нивоата забележани во текот на 2022 и 2023 година.