Светот на работникот

Кина: Работничките права во 2019 година не напредувале

Кина: Работничките права - Работник
77views

Како и секоја година, China Labour Bulletin (CLB) дава преглед на штрајковите, протестите и главните проблеми во работните односи на Кина.

Во 2019 година имало некои пресврти во однос на работните односи. Многу работници ги изгубиле работните места, некои се бореле за да им се исплатат платите, а поголемиот дел од штрајковите сеуште се одвиваат во приватниот сектор, иако дошло до влошување на условите за работа и во јавниот сектор. Така, на пример во 2019 година десетици илјади добро платени професионалци во ИТ индустријата ја изгубиле работата.

Резултатот е комбинација на пазарниот натпревар и натпреварувањерто помеѓу компаниите, како и забавување на кинеската економија. Тие кои сеуште имале работа, бунтувале против неверојатно долгите работни часови (од 9 наутро до 9 навечер, 6 дена неделно) кои биле барани од нивните работодавачи. Работниците јавно ја отфрлиле и културата која им ја наметнувал „Хуавеи“, а која се базирала на лојалност на компанијата, на сметка на семејството и приватниот живот.

Како што пишува ЦЛБ, се чини дека 2019 година била пресвртиница за многу работи. Голем број на младите работници не сакаат, односно повеќе не се подготвени да работат прекувремено или да ги прифатат потешкотиите како тоа што го правеле нивните родители во потрага за подобар живот или некаков недостижен сон за подобар живот, пишува ЦЛБ. Младите работници се фокусираат на нормално работно време и поздрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

Некои пак од нив во 2019 година најмногу се грижеле за тоа да бидат исплатени за работата којашто ја сработиле. Од 1,386 работнички колективни протести кои се забележани од страна на ЦЛБ, а од нив 1,159 (84 отсто) биле поради неисплатени плати. Тој проблем најмногу се случувал во градежната индустрија – околу 43 посто од протестите се однесувале на неисплатените плати во овој сектор.