- Advertisement -
НовостиПравда

Кинеската армија донираше 100.000 вакцини од „Синофарм“ за македонските граѓани

Кинеската армија донираше - Работник
478views

Денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ беше извршено примоопредавање на донација 100.000 дози вакцини од Армијата на Народна Република Кина за нашата земја во борбата против пандемијата. Донацијата  ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Донацијата следува по средбата на министерката Шекеринска со кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава, кога двајцата министри се согласија дека глобалните кризи како што е оваа со пандемијата можат да се решат исклучиво низ заеднички напор и со голема меѓусебна солидарност.

Advertisement

„Ова е вистинска помош во вистинско време и со количина која сериозно ќе ни ги засили напорите да се бориме со пандемијата. Оваа количина на вакцини ќе ни даде шанса да го продолжиме процесот на вакцинирање на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана, но се разбира дека најголемата количина како и во претходните случаи ќе ја отстапиме за потребите на јавното здравство и за потребите на граѓаните. На ваков начин ќе обезбедиме и функционален одбранбен систем меѓутоа ќе понудиме  дополнителна шанса во борбата против пандемијата која што го обедини целото наше општество и кое што претставува приоритет број еден  на сите наши институции,“ изјави Шекеринска и упати благодарност за поддршката од Кина.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се работи за значително количество на вакцини која може значително да ја смени сликата за пандемијата во Северна Македонија.

Advertisement
Advertisement

„Ние со процесот на вакцинација со кинеските вакцини кои пристигнаа пред неколку недели, веќе започнавме вакцинација, тие се дистрибуирани, остана количина од уште 50.000 која треба да се аплицира и сега ова ќе биде количина која ќе ја додадеме и ќе продолжи процесот на имунизација по приоретизација за возрасните групи, понатаму за целокупното население во нашата земја. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот. Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина,“ рече Филипче.

Амбасадорот на НР Кина Џанг Ѕуо во изјава за медиумите рече дека светот во моментот доживува длабоки промени благодарение на оваа пандемија и потребно е сите да се придржуваме кон мултилатерализмот и зајакнување на солидарноста и соработката.

„Кина е подготвена да продолжи активно да го поддржува народот на Северна Македонија во вашите напори за борба против епидемијата и да ги здружиме рацете за да напишеме ново поглавје во нашите пријателски односи меѓу нашите земји и војски,“ истакна амбасадорот Ѕуо.

Извор: Мета.мк

Advertisement