МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кластер во скопска фабрика, двајца министри од ДУИ заразени со корона

143views

Нов кластер во Скопје. Од 22-ца вработени во погон за препакување на храна половината се заразени со коронавирус, потврдија од скопскиот центар за јавно здравје.

-Луѓето се посомневале направиле тестови и излегоа позитивни. Луѓето се тргнати од работа, ставени се во домашна изолација и тој погон е затворен, изјави прим. д-р Александар Стојанов, епидемиолог и директор на Центарот за Јавно здравје Скопје.

За епидемиолозите од Центарот за јавно здравје полесно е кога ќе се детектираат кластери,  но проблем во работата како што вели доктор Стојанов се останатите околу 60 проценти што не ги знаат, а ја шират инфекцијата низ градот. Најчесто на масовни собири.

-Од цело ова искуство и мое лично убедување е дека најголем проблем е собирањето во групи. Дали тоа ќе биде погреб, свадба, роденден,крштевка, Рамазан, литија… Вирусот не разликува дали е свадба или погреб, за вирусот е битно да има група луѓе и посебно ако не носат заштитна опрема, маски ракавици и слично.И многу тешко се наоѓаат контактите ние ги знаеме само околу 40 проценти. За другите 60 проценти немаме информации. И уште еден момент ми смета што добиваме погрешни броеви од лабораториите. Во брзањето или гужвата еден број погрешно да биде напишан и ние више не можеме да го контактираме него. И после се јавуваат луѓето и викаат недела дена ве чекаме поминаат 14 дена и сите сме нервозни… И ако не ни се јават ние не можеме да ги контактираме зошто имаме погрешни броеви, изјави за Сител д-р Стојанов.

По вчерашната објава на Крешник Бектеши дека е позитивен на Ковид-19, денеска и неговиот колега од ДУИ Арбер Адеми на Фејсбук информираше дека има коронавирус. Дали после двата инфицирани функционери од ДУИ  на повидок се новите кластери „Кампања” и „Изборно славје” директорот на Скопскиот центар за јавно здравје вели дека тоа ќе се види од понеделник дали ќе има пораст на бројките на новозараезни.

-Тешко дека ќе ги фокусираме. Вкупната бројка ќе ни каже дали изборите беа ризични. Овие денови ќе видиме дали има дрстично зголемување на бројките, додаде д-р Стојанов.

Епидемиологот Стојанов уште еднаш апелираше на почитување на мерките зошто дури 80 проценти од инфицираните се асимптоматски или со благи симптоми.

Извор: Сител