Ковачевски: Ветувавме просечна плата од 500 евра, остваривме 650, а минималната плата ја зголемивме за три пати
„Ветивме просечна плата од 500 евра, но значително го надминавме тој праг и денеска таа изнесува 650 евра. За три пати ја зголемивме минималната плата од 8 илјади на 22.500 денари“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Охрид.
Тој додаде дека исто така СДСМ се грижеше и за пензиоерите да имаат достоинствени примања и се зголемија пензиите за 55 отсто.
„Издвоивме 100 милиони евра за да ги поддржиме македонските компаниите. 919 фирми вработија 5.000 нови млади луѓе кои работат во македонски комапнии поддржани од македонската влада“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека и енергетската трансформација на државата започна во неговиот мандат, со инсталирани 600 мегавати капацитети од обновливи извори, што е огромен исчекор од само 16 мегавати инсталирани во 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е резултат на социајлдемократкси политики кои мислат на граѓаните и државата, а не само на една политичка врхушкак коа што гледавме до 2016 година“ рече Ковачевски.