МакедонијаПравдаСветот на работникот

Ковид возраста како методологија за помош на работниците и работодавачите

89views

Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР, во рамките на оперативната програма „Обезбедување на усогласеност со европските стандарди за добри практики за безбедност и здравје при работа за работодавачите и работниците“ денеска (17) и утре (18) септември организирашае дводневен семинар за процена на ризик на работното место при изложеност на Ковид – 19.

На семинарот станало збор за повеќе сегменти, како за уставните, законските и стручните основи за признавање на Ковид – 19 за професионална болест и безбедноста и здравјето на работа во време на пандемијата поради Ковид – 19. На семинарот се зборувало и за проценка на ризикот од заразување на работните места, за тоа што е професионален ризик за појава на Ковид – 19 на работното место, проценка на веројатност за професионална експозиција на Ковид – 19 на работните места и проценка на медицинската/клиничката ранливост.

Додека вториот ден, односно денеска се зборувало за утврдувањето на ризикот на работно место, како и за превентивните и корективните мерки за спречување на Ковид – 19. 

Генерално идејата беше врз основа на она што го нуди законот за безбедност и здравје при работа, односно она што го побарува, а тоа е да се оцени ризикот на секое работно место, вели Претседателот на МЗЗПР, м-р Милан Петковски за порталот Работник.

„Ние го надополнуваме со новата штетност, а тоа е биолошкиот аспект на САРС – КоВ -2. Законот за безбедност и здравје при работа вели дека секогаш кога имаме друга штетност дека мора да се ажурира проценката на ризик врз основа на која ја правиме изјавата за безбедност и здравје при работа“, вели Петковски. 

Истакна дека врз основа на тоа, тие направиле нова методологија за проценка на ризик, каде што покрај вообичаената матрица за оценка на ризикот на работното место, воведуваат уште една новина, а тоа е тн. Ковид возраст. 

„Ковид возраста е методолошки пристап кон оценување на, покрај работното место, и на индивидуата, поточно на здравствената состојба на конкретниот извршител на работните задачи. На пример, тоа би значело дека доколку двајца извршители кои работат како шалтерски службенции, не значи дека двајца идентично имаат иста Ковид возраст, иако се двајцата на своите 40 години, заради коморбидитетите, односно претходните одредени заболувања, возможно е да едниот од нив има да има Ковид возраст 40 години, колку и што му е возраста, а другиот, поради претходните болести, како гојазноста, кардиоваскуларните заболувања итн., може да има дури 85 години Ковид возраст“, истакна Петковски.

Според него, со овој пристап тие сакаат да им помогнат и на работниците, но и на работодавачите во одредување на оние личности кои се најпогодни за извршување на работните задачи. Вели дека би било бесмислено да се стави, на пример оној кој има Ковид возраст од 85 или 95 години, на правата борбена лија каде што е најверојатно дека ќе се зарази од Ковид – 19. 

Вели поради тоа му препорачуваат на работодавачот да тој извршител го префрли во позадина или да работи од дома или пак да се распредели на друго работно место. 

„Целиот наш напор за сумирање на една вака комплексна методологија е во насока на тоа да ги оптимизираме трошоците, да немаме еден унивезален пристап поради кој сите одат дома, отсуствуваат од работа и на тој начин претпријатијата трпат енормни штети. Сакаме да го направиме целокупниот процес следнствено на здравствената состојба на поединецот, во однос на оваа биолошка штетност“, посочи Петковски.

Петковски рече дека иженерите за заштита при работа, докторите од медиџна на трудот и назанченото лице од самата компанија, ова го прават со заеднички напори за да ја одредат конкретната Ковид возраст за конкретните извршители, но, потенцираше дека ова нема да се прави на секое работно место. Вели дека познавајќи го ризикот на проценка на ризик, каде што ќе оценат оние стручни лица, докорите од медицна на трудот и внатрешното стручно лице, на тие работни места се проценува конкретната Ковид возраст и се прави новата проценка во однос на Ковид – 19. 

Заклучи дека сето ова се прави за да му се помогне на работодавачот да донесе правилни и навремени одлуки. Како што вели, не значи ова дека некој ќе биде фаворизиран, а некој санкциониран, туку пред се се зема здравствената состојба на конкретните извршители. Тоа го оценуваат докторите по медицина на труд и врз основа на наодите, заедно во соработка со инженерите за заштита при работа ќе донесат одлука кој од работниците ќе биде најспособен за конкретното работно место.

Посочи дека кога ќе се одредуваат конкретните работни места каде што најверојатно е возможно да се дојде во ситуација, да се зарази конкретниот работник до Ковид – 19, тоа не значи дека тој што има помала Ковид возраст не значи дека нема да се зарази. Кога е пониска Ковид возраста тоа значи дека работникот полесно ќе помине. Може и асимптоматски да помине со вирусот, а колку што е повисока Ковид возраст толку повеќе има шанси заразата да резултира со смртни последици. 

Тој порача сите засегнати лица да ја погледнат методологијата на веб страната mzzpr.org.mk и да дадат свои коментари и забелешки.

На семинарот присуствува инженери за заштита при работа, претставници од синдикатите и доктори од медицина на трудот.

Инаку, проектот е финансиран од страна на Европската унија. 

Бобан Илијевски