ЕкономијаМакедонијаНовости

Комората на трговци ги доставила предлозите до Владата

   Време за читање помалку од минута

Интегрално соопштение на Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун:

Почитувани претставници на медиумите,

Ве информираме дека Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денес достави Предлози за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи. Предлозите се доставени до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат.

Предлозите се подготвени по одржаниот состанок на 14 февруари 2025 година во Министерството за економија и труд, заедно со министерот, заменик-министерот, претставници од релевантни институции, како и членови на Комората. 

По добиените одговори, ќе излеземе со нашите ставови.

Фото: depositphotos