НовостиСветот на работникот

Компаниите се подготвени да прават „внатрешен увоз“ на работна сила

   Време за читање 1 минута

Работодавачите во последните неколку години постојано на површина ја вадат темата за увоз на работна сила од странство, барајќи од Владата да ја зголеми квотата којашто моментално изнесува 7.000 работници годишно. Но што е со домашните работници кои живеат во еден регион, а би биле потенцијална работна сила во друг? Дали компаниите може нив да им плаќаат сместување и оброци, за на пр., од Охрид да заминат да работат во некоја компанија во Штип?

Земајќи ги предвид актуелните состојби постои можност да се јават и случаи кога компании од еден град ќе нудат превоз и престој на работници од друг, вели за порталот Работник, Ангел Димитров, Претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија.

„Недостигот на работна сила ги принудува компаниите да бараат работници, како од внатрешноста, така и од странство. Од друга страна, падот на економијата во европските држави може да доведе до затворање и на наши компании. Во вакви услови веќе имаме компании во земјава кои се спремни да платат превоз и престојување на работници од други градови од земјава, наместо да увезуваат работна сила од странство“, вели Димитров.

Овие состојби, објасни тој, се секојдневие на работниците во развиените држави и голем број на работници таму живеат во еден град а патуваат на работа во друг град.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера