- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Компаниите ќе можат да аплицираат за финансиската помош за февруари и март со една апликација

Компаниите ќе можат да аплицираа - Работник
5.65Kviews

Во однос на финансиските мерки, Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека законите од четвриот и петтиот сет на мерки се во собраниска процедура. Мерката за плати којашто ја добиваат фирмите, со цел да се компензира овој изгубен период, со амандамнско решение се дава можност на фирмите да аплицираат за февруари и март и со тоа износите што ги исплатител за март, како што предвидуваше законот и мерката, да можт да се реализираат од страна на фирмите, а со тоа и да се намалат административните постапки во однос на реализација на мерката. 

Истакна дека компаниите ќе можат да аплицираат со една апликација за двата месеци и со тоа сметаат дека тој дел ќе се надмине и тоа за брзо време штом се изгласаат законите, веднаш ќе има реализација, нагласувајќи дека УЈП и институциите се подготвени за примена на мерката. 

Законските решенија се сеуште во Собрание, поради тоа што истото е блокирано поради политички прични. Бизнис заедницата во неколку наврати апелираше дека политичките пресметки треба да се остават настрана, бидејќи овие законски решенија се од круцијално значење за компаниите, но и за вработените.

Поради неносењето на законските решенија за петтиот сет на мерки, 17,000 работници не ја зеле февруарската плата, додека во некои дејности вработените се испраќаат на принудни одмори.

Бобан Илијевски