МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Беловски: Новинарите и медиумските работници се под натпросечни притисоци, а имаат потпросечни плати

   Време за читање помалку од минута
Фејсбук статус на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници:
“Ќе искористам една парола која ја искористивме пред два дена во една кратка герила акција – Натпросечен притисок, потпросечни плати.
Во оваа парола се состои целата суштина на состојбата во која се наоѓаат медиумските работници”, рече Претседателот на ССНМ, Павле Беловски по повод 3-мај Меѓународниот ден на слободата на медиумите.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) денеска, на 3-ти мај на Меѓународниот ден на слободата на медиумите го организираа завршниот настан под мотото „Безбедни новинари и медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ на кој домаќин беше Претседателот Пендаровски.