Компанијата Visa го именуваше Сергиј Мартинчук за виш потпретседател и регионален менаџер за 17 пазари
Компанијата Visa, светски лидер во дигитални плаќања, го објави именувањето на Сергиј Мартинчук на позицијата виш потпретседател и регионален менаџер за регионот кој ги опфаќа Украина, Молдавија, Јужна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказ. Со седиште во Киев, Мартинчук ќе биде одговорен за целокупното работење и стратегијата на компанијата Visa на 17 пазари.
Сергиј Мартинчук доаѓа на местото на Кристина Дорош, која презеде нова глобална функција во седиштето на компанијата Visa во Сан Франциско, во рамки на функцијата Value Added Services. Во фокусот на работата на Сергиј ќе биде зајакнување на партнерствата со финансиски институции, регулаторни тела, банки, трговци и технолошки партнери, како и забрзување на дигитализацијата на плаќањата низ регионот.
„Со големо задоволство му посакуваме добредојде на Сергиј во нашиот тим. Неговото богато искуство во технолошкиот сектор, силното регионално лидерство и способноста за управување со различни тимови дополнително ќе ги зајакнат нашите капацитети. Тоа ќе ни овозможи да создадеме уште поголема вредност за клиентите и партнерите во сите 17 земји“, изјави д-р Тарек Махмуд, регионален претседател на компанијата Visa за Централна Европа, Блискиот Исток и Африка.
Мартинчук носи речиси две децении искуство на високи раководни позиции во регионот, стекнато работејќи за компанијата Cisco. Тој поседува уникатна комбинација на експертиза во дигитални трансформации и богато искуство во оперативно управување и лидерство. Во текот на својата кариера раководел со големи организации, поттикнувал раст и градел доверливи односи со клиенти, партнери и регулаторни тела. По образование е експерт во областите на компјутерските науки и финансии.
„Чест ми е што се приклучувам на компанијата Visa и ќе го водам овој динамичен регион во момент кој е исклучително важен за индустријата на плаќања“, изјави Сергиј Мартинчук, виш потпретседател и регионален менаџер на Visa за Украина, Молдавија, Јужна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказ. „Заедно со нашите тимови и партнери, ќе продолжиме да ги унапредуваме дигиталните плаќања за граѓаните и бизнисите, да развиваме решенија за трансфер на пари и да им овозможуваме раст на клиентите преку услуги со додадена вредност за нивното работење, сето тоа со поддршка на врвна технологија, највисоко ниво на безбедност и силната пазарна позиција што Visa ја има насекаде каде што работи.“
На пазарот на Југоисточна Европа, Visa повеќе од 40 години соработува со банки, трговци и државни институции во изградбата на напреден, безбеден и инклузивен екосистем на дигитални плаќања. Преку овие партнерства, Visa продолжува да предводи иновации во областите на токенизација, биометриски плаќања и е-трговија.
За компанијата Visa
Visa е глобален лидер во областа на дигитални плаќања, кој преку своето работење ги олеснува трансакциите меѓу потрошувачите, трговците, финансиските институции и државните институции во повеќе од 200 земји и територии ширум светот. Нашата мисија е да го поврземе светот преку најиновативната, најудобната, најсигурната и најбезбедната мрежа за плаќања, која им овозможува на поединците, компаниите и економиите да напредуваат. Веруваме дека економиите кои се инклузивни за сите и насекаде придонесуваат за заеднички просперитет, како и за согледување на пристапот и вклученоста како основа на иднината на движењето на парите.
Погледнете повеќе на линкот.

