Конечно пресуда за сузбивање на криминалот наненесен на синдикатот во ЕЛЕМ, после долги судски процеси
Потребна ли е постапка за утврадување на одговорност?
Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ – РЕК Битола при Самостојниот синдикат за енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ на својата веб страна објави дека после долги години судски процеси и судски лавиринти, судиите се одважиле и пресудиле по закон, во корист на ССЕРИ.
„Ова е само уште еден доказ за незаконитото работење на Работодавачот и постапување спротивно за Законот за работни односи-ЗРО , работодавачот постапува спротивно на ЗРО со фаворизирање на еден „жолт“ синдикат, Работодавачот постапува спортивно на ЗРО со скратувањето на слобода при синдикалното организирање и членување во синдикат“, пишуваат од сидникалната организација на АД ЕЛЕМ на нивната веб страна.
Тие истакнаа дека со оваа пресуда се надеваат дека работодавачот ќе се одважи и ќе овозможи дејствување на нивниот синдикат, синдикатот на ССЕРИ, ќе постапи согласно Законот за работни односи со овозможување на услови за нормално функционирање согласно колективниот договор.
„Ова е една убава вест и убава најава за разрешување на многу нејаснотии кои се појавија околу синдикализмот во изминатиот период кај многумина, годината во која се надеваме конечно ќе ја оствариме целта, цел за слободно изразување ,слободно дејствување , зголемени работнички права, подобра и безбедна работна средина“, наведуваат од синдикатот.
Во прилог ви ја прикажуваме пресудата:
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024