МакедонијаНовостиСиндикат

Коцевски во СТУДИО 10: Ако полицаецот е незадоволен од платата, не може да сметаме на безбедна држава

   Време за читање 1 минута

Зачерашната кривична пријава не е прва што Синдикатот ја има поднесено до ОЈО, а се однесува на повреда на правата од работен однос и на злоупотреба на службената положба. Имено, на работик за полесно кршење на работна дисциплина донесена е мерка отказ што не е според законот. Мене ми е посебно жал што претседателката на комисијата за жалби 90 отсто од поплаките ги решава против подносителите. Апелирам да почне да владее правото, да се покрене кривичен предлог и овие работи што се случуваат во МВР да престанат. Поранешниот министер против кого е поднесена кривичната пријава немаше никаква реакција, како што никогаш и немало. Ние реагиравме и кога потпиша две прерасределувања вон работното место кога користел боледување поради Ковид-19, вели Орце Коцевски од Синдикатот на полицијата во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Платите во полицијата не се добри и тоа може да се види от тоа што на последниот конкурс за вработување се пријавија само 1000 луѓе за 660 места. Основната плата на полицаец е 16.300 денари. Ако знаеме дека минималната плата е 22.500 денара излегува дека основната плата на полицаец е 100 евра пониска од минималната. Полицајците имаат и додатоци на плата.и со нив изнесува околу 23-24 илјади денари. Просечната плата во Македонија е 41 илјада денари и срамота е да зборуваме за помала плата. Новиот министер Тошковски е првиот кој проговори за ниските плати во полицијата и тешката состојба, вели Коцевски.

Коцевски вели дека доаѓаат подобри денови за полицијата.

-Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава, вели Коцевски.