МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Коцевски за Лидер: ЛАГА е дека има некакво покачување на платите во полицијата, станува збор само за ПОРАМНУВАЊЕ!

Две години кампања за 1 000 денари повисока плата на полициските службеници. Претседателот на Синдикатот на Полицијата во Македонија-СПМ, Орце Коцевски вели дека оваа толку фалена и попмезно најавувана владина одлука во најмала рака е срамна, бедна и понижувачка.

Нема НИКАКВО ПОКАЧУВАЊЕ, вест каква што сакаат да ни ја продадат Владата и Министерот Спасовски, постои само ПОРАМНУВАЊЕ на платите во Полицијата со минималната законска плата, а тоа е законско право како и избегнување на можноста од тужби во иднина, тврди Коцевски.

Таканаречено 5 процентно зголмување на платата во никој случај нема да ги задоволи потребите на полицискиот службеник во време на ваква криза и инфлација.

Токму ниските плати од високо ценета и рангирана професија, ја доведоа полицијата до работ на целосно непочитувана и непосакувана работа, додава Коцевски и вели дека полициски колеги секојдневно го напуштаат Министерството во потрага за подобар живот .

СПМ бара повисоки плати за пристоен и достоинствен живот, со што пресметката на плата би била 1 евро за 1 бод. На пример ако бодовите на полицискиот службеник се 500 во иднина истиот да зема 500 евра плата.

Повеќе на Лидер