Светот на работникот

7 од 10 работници патат од овие синдроми: Менаџерите треба да бидат пример и да заминуваат во 17 часот од работа

Седум од десет работнци го искусиле т.н. синдром на согорување (burnout) или синдромот imposter (синдром кој прави да се сомневате во вашите способности или да се чувствувате како изамник), а повеќе од двајца од пет луѓе (42 %) ги искусиле и двата синдрома, покажало новото истражување.

Студијата, која вклучила повеќе од 10,000 работници во рамките на Асана извештајот за анатомија на работата за 2022 година, открила дека основните прични за секоја состојба можат да бидат поврзани, со најголемиот ризик работниците да ги доживеат двата.

Истражувањето исто така го нагласило негативното влијание кое согорувањето може да го има на организацијата, при што 70 % од т.н. C-suite лидерите (директори на разни позиции), велат дека согорувањето влијае на нивната способност да носат одлуки.

Покрај тоа, наодите покажале дека секој кој на работното место пати од согорување има поголем ризик од низок морал (35 %); помалку е ангажиран (30 %); прави поголеми грешки (27 %) и ја напушта компанијата (25 %).

Експертите апелираат дека тимовите мораат да бидат правилно пополнети за да се спротивстват на овој проблем; компаниите треба да обрнат поголемо внимание на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот. На здравјето на работната атмосфера, велат, влијае и зголемувањето на бројот на вработени.

Покрај тоа, лидерите имаат централна улога и можат да моделираат здрава рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот така што ќе заминуваат во 17 часот да ги земат своите деца, на пример. Меѓутоа, тешко е тоа да се направи во денешно време, бидејќи никој не сака да биде виден како слабак, вели Идрис Аршад, партнер во „St. Christopher’s Hospice“.

Аршад исто така вели дека вработените, раководителите и менаџерите на тимови мораат да работат заедно за да обезбедат да не се шири културата на прекувремена работа. Додава дека потребни се линиски менаџери кои поефикасно би управувале со работата и учинокот, но и вработените да бидат дел од проблемот и менаџерите да затвораат очи пред нив. Тие се трудат да работат повеќе, а ние тоа го сфаќаме кога се потполно исцрпени.

Меѓутоа, истражувањето исто така покажало дека повеќе од половина (51 %) од работниците не се чувствуваат пријатно да разговараат со своите менаџери за согорувањето.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock