Заработка од 11.800 евра месечно, а потребни се само телефон и интернет – работници секогаш требаат
Телефон, интернет и чувство за вирална содржина се доволени за почеток. Млад момчак од Лондон открил како од кратки снимки направил извор на приходи.
Додека многу млади бараат работа која ќе им обезбеди стабилна плата, Екнур Синг од Лондон тврди дека заработува најмалку 11.800 евра месечно правејќи кратки видео – снимки за социјалните мрежи. Овој двесет и двегодишник се занимава со работа позната како „клипинг“, кој подразбира издвојување на најинтересните делови од долгите снимки и нивно прилагодување на платформите како ТикТок, Инстаграм и Јутуб, пишува BBC.
Синг наведува дека за работата не му се потребни ниту канцеларија, ниту класично работно време, туку само мобилен телефон, добра интернет врска и способност да препознае содржина која би можела да привлече големо внимание од публиката. Според него, годишната заработка може да премине 120.000 фунти, што е приближно 142.000 евра.
Сепак, неговата заработка претставува личен пример на успех, а не износ кој можат да го очекуваат сите кои ќе се одлучат за ваква работа.
Што е клипинг и како се заработува од кратки видеа?
Клипинг е начин на креирање на содрижна во која од подолгите видео – снимки се издвојуваат најинтересните, најзабавните или најважните моменти. Тоа можат да бидат делов од подкаст, интервјуа, настапи на музичари, разговори со инфлуенсери, филмски содржини или промотивни материјали на компаниите.
Наместо самостојно да снима комплетно видео, клиперот добива постоечки материјал, а потоа го монтира во краток, вертикален формат прилагоден за гледање на мобилен телефон.
Таквите снимки обично траат од 30 до 60 секунди. Целта е вниманието на гледачот да се привлече во првите секунди, за што повеќе луѓе да го изгледаат видеото до крај, да реагираат на него или да го споделат со други.
Готовите клипови се објавуваат на социјалните мрежи, а заработката зависи од договорот со клиентот, бројот на прегледи и услови на конкретната кампања.
Клиентите можат да бидат компании кои сакаат да ги промовираат своите производи, музички куќи кои рекламираат изведувачи, филмски студија, подкастери и инфлуенсери кои сакаат да допрат до поширока публика.
Една снимка му ги донела првите 300 долари
Синг вели дека за оваа работа се заинтересирал минатата година, кога со објавување на кратка снимка на поп ѕвездата Дуа Липа на Инстаграм заработил 300 долари, односно приближно 260 евра.
Тој резултат му бил доволен за да сфати дека кратките видео – содржини можат да претставуваат извор на приходи, особено кога ќе успеат да привлечат голем број на гледачи.
Според него, сега заработува најмалку 10.000 фунти месечно, што изнесува околу 11.800 евра.
До такви резултати, како што може да се заклучи од описот на неговата работа, доаѓа со комбинација на избор на содржина, монтажа, разбирање на публиката и работа на дистрибуција на снимките. Клучниот дел од работата не е само да се исече дел од долго видео, туку да се процени кој момент има потенцијал да стане популарен.
Како функционира заработката од прегледи?
Еден од моделите на наплата подразбира креаторот да добие пари во зависност од бројот на прегледи кои неговите снимки ќе го остварат. Според податоците наведени во извештајот на BBC, поединечни модели на плаќање можат да донесат и до 2,30 фунти на 1.000 прегледи, односно околу 2,70 евра.
Тоа значи дека популарноста на снимката може директно да влијае на приходот, но вистинската заработка зависи од конкретните услови на кампањата и платформата.
На пример, кога би се применувала стапката од 2,30 фунти на 1.000 прегледи, милион прегледи би донеле 2.300 фунти, односно приближно 2.700 евра. Тоа е само математички пример, а не гаранција дека секои милиони прегледи ќе бидат платени по таа тарифа.
Некои клиенти плаќаат однапред договорена цена за изработка на содржина, додека други нудат надоместок поврзан со учинокот на кампањата. Можни се и комбинирани модели, поради што заработките помеѓу клиперите значајно се разликуваат.
Зошто кратките видео – снимки се толку барани?
Кратките видео – формати станале важен дел од дигиталниот маркетинг бидејќи им овозможуваат на компаниите, музичарите и креаторите брзо да им ја престават содржината на голем број луѓе.
Едно подолго интервју или подкаст може да послужи како извор за повеќе од десеттина посебни клипови. Секој од нив може да се насочи на друга тема, да се објави на друга платформа или да се прилагоди на различна публика.
За клиентите тоа претставува дополнителен начин за промоција без потреба за секоја снимка да се организира ново снимање. За клиперите е шанса да развијат вештини за монтажа, уредување на содржина и да ги разберат алгоритмите на социјалните мрежи.
Синг смета дека младите имаат предност оти добро ги познаваат навиките на публиката која секојдневно гледа кратки снимки. Нивното разбирање на трендови, хумор и начин на кој содржината се споделува може да биде важно во одбирањето на материјалот кој ќе привлече внимание.
Дали оваа работа може да се работи од било кое место?
Една од предностите на клипингот е тоа што најголемиот дел од работата се извршува дигитално. Кога клиентот ќе го достави материјалот, креаторот може да го прегледа, монтира и подготви за објавување без да дојде во канцеларија.
Синг вели дека со оваа работа може да се занимава било каде, вклучувајќи и во текот на патувањата. Сепак, флексибилноста не значи дека работатата не изискува време и дисциплина. Пронаоѓањето на добри исечоци, монтажата, следењето на резултатите и комуникацијата со клиентите можат да одземат многу часови.
Исто така, не се сите снимки успешни. Некои можат да остварат мал број на прегледи, додека други изненадно можат да станат вирални. Поради тоа приходот може да варира од месец во месец, особено ако најголемиот дел од заработката се базира на учинкот на содржината.
Извор: Bizportal.rs

