- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Коцевски: Спасовски сака да го згасне синдикатот на полицијата

Коцевски: Спасовски сака да го згасне - Работник
527views

„Започнување на синдикална борба со непрофесионализмот во Полицијата, крај на вознемирувањето на работниците и стоп за незаконските распоредувања.“ е акцентот на синдикалната борба која ја води Синдикатот на полицијата во Македонија, вели првиот човек СПМ, Орце Коцевски.

Истакна дека на ден 09.09.2020 година пред самиот влез на Министерството за внатрешни работи Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски излезе на прес конференција и  гордо изјави:

Advertisement
  • Со сите вработени да придонесеме за довербата на граѓаните,
  • Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, законите се донесени сега е време за нивно спроведување,
  • Следува период на Европеизација на нашата татковина,
  • Како Влада се обврзуваме за изградба на способна држава со силни институции кои што ќе гарантираат ред и владеење на правото,
  • Добрите резултати на полицијата доаѓаат со мотивирани полициски службеници кои постојано ги подобруваме и ќе им ги подобруваме условите за работа, набавка на нови униформи, посочи тој. 

„Сега ќе зборувам и ќе се обратам пред вработените на Министерството за внатрешни работи: За каква доверба, ред правда, дисциплина, Европеизација, владеење на правото, добри резултати, подобри услови и набавка на нови униформи говорите Министре. Кој воопшто Ви ги пишува текстовите од редот на Вашите советници за да излезете вака самоуверено пред медиумите и јавноста? Дали верувате дека тоа што го говорите е навистина така? Дали знаете дека сега како никогаш во минатото полицаецот не бил толку уплашен и понижен како што е сега?

Наведува дека овие неколку години од Вашето владеење во Министерството за внатрешни работи, пред јавноста на социјалните мрежи постојано се фалите дека во МВР „Владее правото“, дека се работи по закон, дека се во МВР функционира како што треба итн, итн. Но дали е вистина така и дали владеење на правото има во МВР????

Advertisement
Advertisement

Ја труете секоја мисла која не се согласува со Вашиот непрофесионализам, правите притисок врз критиката, напаѓате безкрупулозно со сета артилерија и за жал на тој начин генерално ја оплескавте.

Зошто толку го мразите СПМ?  Затоа што во лице Ви ја кажуваме и ќе продолжиме да ви ја кажуваме вистината дека во МВР не тече мед и млеко онака како што сакате вие да прикажете пред јавноста? Состојбата е далеку од таа што Вие ја прикажувате може и самиот веќе знаете, убедени сме во тоа. Но, за ова и за многу побитни теми што ги задираат интересите на вработените во МВР понатаму. Денес сме тука за друго.

Денес ќе зборуваме за обидот од Ваша страна целосно да се згасне Синдикатот на Полиција во Македонија  а за партнер да си го оставите само Македонскиот полициски синдикат, Синдикат што освен со Вас знае да се шета кога се фалите дека сте реконструирале некој објект друго и не ни знае да работи. Ама битно е тука е до Вас и не отстапува од тоа.

Денес сакаме да ја запознаеме целата Македонска јавност, сите државни институции во Македонија и Владата на Македонија дека на само првиот ден од Вашето доаѓање на позицијата Министер за внатрешни работи донесовте незаконско известување со кое се забранува запирање на синдикална членарина за членовите на Синдикат на Полиција во Македонија, договор за синдикална членарина потпишан помеѓу претходниот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев и Синдикатот на Полиција во Македонија.

Со кое право господине Министер Оливер Спасовски се ставате пред членот 11 од Европската конвенција за заштита  на човековите права каде секој човек има право да основа синдикати и да им се придружува на синдикатите за заштита на своите интереси како и членот 23 од Универзалната декларација за правата на човекот. Со кое право се ставате над Уставот на Република Македонија член 37 каде вели дека граѓаните имаат право да основаат синдикати заради остварување на своите економски и социјални права. Со кое право Вие сте над членот 184 од Законот за работни односи, над членот 186 од Законот за работни односи кој вели дека Активностите на синдикатот и на нивниот преставник не може да се ограничи со акт на работодавецот ако тоа е во согласност со закон.  Доколку го немате прочитано видете го и членот 35 од Општиот колективен договор за вработените од јавниот сектор каде е предвидено дека работодавачот е должен да создаде услови за извршување на активностите на синдикатот во врска со заштита на правата на работниците од работниот однос утврдени со закон и колективен договор. Зошто и од кои причини ја УКИНУВАТЕ членарината на СПМ. Дали ова значи вовед во еден тоталитарен режим на владеење?    

На почетокот токму од Вашите партнери Македонскиот полициски синдикат бевме обвинети на прес конференција во содејство со Сојузот на синдикатите на Македонија и нивниот претседател за растурање и целосно контролирање на синдикализмот во МВР, но од денешна гледна точка се повеќе сме свесни дека целта на „НЕКОГО“ односно лично од Вас како Министер е растурање или целосно контролирање на Синдикатот на Полицијата во Македонија  во Министерството за внатрешни работи.

Кога ќе почнете да ја спроведувате паролата “Владеење на правото” господине Министер? Па

нели тоа е Ваша парола? Како со непочитување на правото се стремите да одите во Европа?

Едно да запомнете:

       Полицијата е образот на една држава, за да се врати Достоинството, МВР треба да отпочне процес во кој полициските службеници кои професионално си ја вршат задачата ќе бидат третирани како професионалци, време е политичките влијанија во МВР да сопрат, време е секој во МВР да си го пронајде своето место, таму каде што заслужува.

Ништо нема да не поколеба во намерата современата борба да ја водиме достоинствено и во истата ќе ги употребиме сите механизми да го зачуваме ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА.

Почитувани вработени, членови на СИНДИКАТ НА Полиција во Македонија, нека не Ве плаши

фактот дека се соочуваме и бориме со најтежок облик на делување на структури кои освен да го уништат синдикалното движење друго ништо и да не работат. Ние сме решени по секоја цена и не се предаваме, борбата за подобри права продолжува.

Со таа цел денес од тука пред Владата го повикуваме Премиерот на Владата Зоран Заев, Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, Народниот правобранител, Државниот инспекторат за труд и сите останати институции во Македонија да преземат мерки и да се исправи оваа неправда што е извршена со цел згаснување на синдикалното движење во Македонија. Ги повикувам и Синдикатите да застанат рамо до рамо до нас за ова понатаму да не стане пракса во Македонија.

Правда во Македонија ќе има, Владеење на правото ќе има без разлика на тоа што на некого тоа не му одговара.

Синдикатот на Полицијата на Македонија, ќе работи транспарентно и во реално време согледувајќи ги сите неправилности, благовремено ќе реагира известувајќи ја јавноста и сите надлежни домашни и меѓународни институции“, рече Коцевски во обраќањето до медиумите. 

Advertisement