ПравдаСветот на работникот

Шаќири за ТВ 24: Нема да ги оспорувам барањата што ги имаат претставниците на синдикатот, но за тоа одлучуваме според потребите од буџетот

Министерот за образование Јетон Шаќири во емисијата 24 Отворено рече дека имале состаноци со средношколците и имале неколку барања од нив и решиле дека се она што било барано во тој период да се исполни.

– Се согласивме дека во делот на матерјалот и подготовката, едно од барањето беше и датумот на организирање на државната матура. Во тој период, се поврзаа неколку работи и заедно одлучивме за датумот 27. Со редовните состаноци што ги имаме со ДИЦ, сум побарал важни процеси да не се поврзуваат со датумите. Да најдеме друг начин и со лично барање до синдикатот. Нема да ги оспорувам барањата што ги имаат претставниците на синдикатот, но за тоа одлучуваме според потребите од буџетот. Вчера имавме од Економскиот социјален совет информација дека сите синдикати се согласни за новиот модел на калкулирање на нови плати и после тој нов модел ќе има дискусија со сите синдикати од секторите кадешто влњегува образованието. Моето барање во овој период е сите да го дадеме максимумот. – вели Шаќири.