- Advertisement -
НовостиПравда

Кочовски: Власта манипулира, нема платежни картички за сите самохрани родители

788views

СДС ПОВТОРНО МАНИПУЛИРА – НЕМА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ЗА СИТЕ САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ!!!

Владата предводена од СДС уште еднаш докажа дека е една од најненародните гарнитури кои што владееле со Република Македонија!

Имено, толку најавуваните пакет мерки за граѓаните, во форма на платежни картички од по едвај 100 евра, сепак се покажаа ( уште еднаш како по обичај ) дека се само добар начин за изигрување на јавното мислење и непомагање на оние кои што реално имаат потреба од помош.

Така, самохраните родители, во голема мера, се изоставени од добивање на платежни картички, бидејќи, според Владата, разведените родители кои што неретко и не добиваат алиментација, не спаѓаат во групата “самохрани родители”, иако сами се грижат за своите деца поради безброј причини. СДС го злоупотребува Законот за социјалната заштита, кој што според мене е во најмала рака полн со недоречености и има многу одредби кои што МОРААТ да бидат променети, каде што како “самохран родител” се вбројуваат само лицата чии брачни другари починале, се непознати или се исчезнати.

Оваа Влада мора конечно да се освести и да започне да работи за доброто на граѓаните во Република Македонија, секако, доколку сака да остане релевантен фактор и да не и се случи пасокизација во наредните неколку години.

Јас, како Координатор со Трудовиот Сектор на Левица и како човек кој што секојдневно работи за потребите на работниците, но и сите останати граѓани во Република Македонија ( а посебно самохраните родители, бидејќи и самиот сум човек кој израснал со самохрана мајка ), сметам дека мора да бидат изготвени измени во Законот за социјалната заштита, во однос на прецизирање и појаснување на терминот “самохран росител”, при што во најскоро време, заедно со мојот тим, ќе изготвиме предлог – закон токму за потребите и интересите на СИТЕ самохрани родители.

Левица била и ќе продолжи да биде најголемиот пријател на граѓаните во Република Македонија, стои во фејсбук статусот на Бобан Кочовски, координатор на трудовиот сектор на Левица.