- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски: Добивам закани по живот поради тоа што се борам за работничките права

435views

Членот на Центалниот Комитет и Координаторот на Трудовиот и Правен сектор на Левица, Бобан Кочовски и неговиот адвокат Драган Пешевски денеска биле повикани на распит во Основното Јавно Обвинителство – Велес, во улага на сведок – оштетен поради закани по неговото здравје и живот од страна на, како што велат, одредени центри на моќ во земјата. 

Кочовски истакна дека во март годинава поднел пријава во СВР – Велес поради постојаните закани по неговото здравје и живот кои ги добивал преку социјалните мрежи, а поради неговиот ангажаман во Левица. 

Иако се работи за центри на моќ, во конкретната пријава се однесува на едно физичко лице кој заканите ги прави на фејсбук. Ова го прави одредени структура за што ќе оставам самите да претпоставите, која е. тие прават сее да ми наштети мене и на моето семејство, поради мојот ангажман во борбата за подобри работнички права од страна на Левица“, рече Кочовски.

Тој објасни дека се работи за кривична постапка во која одредено лице кое тој лично не го познава, а кој му се заканил дека ќе го убие и дека ќе му наштети. Истакнал дека заканите на фејсбук траеле до 1 март. 

„Дали тоа беа само закани или негови вистински желби и идеи и дали тоа навистина можеше да го направи јас не би можел да знам,но затоа пријавив во МВР, а денеска дадов и исказ пред јавниот обвинител во Велес“, појасни Кочовски.

Посочи дека незнае како ќе се одвива самата постапка но им порача на овие структури дека тој со овие нивни постапки само може да биде помотивиран и поупорен во борбата против нивните криминали.