МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски ексклузивно за Работник: Породилното отсуството ќе го зголемиме од 9 на 12 месеци

Кочовски: Законот за работни -Работник
465views

Поради огромната потреба од реални промени во областа на породилното отсуство, Левица во својата изборна програма предвидува продолжување на истото до 9 на 12 месеци, истакна Бобан Кочовски, Претседател на трудовиот сектор на Левица, ексклузивно за порталот Работник.

Тој рече дека враќањето на работното место пред истекот на породилното отсуство не смее да биде порано од 6 месеци, за разлика од досегашните 45 дена.

Тој посочи дека Левица предвидува работничките да бидат вратени на истото работно место на кое што биле претходно по завршување на породилното отсуство.

Левица -Работник

“Сосема за крај, мајките – работнички би можеле да работат со скратено работно време или флексибилно во период до 3 години по завршување на породилното отсуство, без да има последици врз нивните плати, а сето тоа би било субвенционирано од страна на државата. Само преку социјална држава можеме да имаме социјална правда”, рече Кочовски.