- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Кочовски: „Има странски компании во кои работниците се во улога на робови“

Кочовски- Работник
590views
Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Координатор на Трудовиот сектор на Левица:
 
Странски компании не инвестираат во Република Македонија затоа што имаат желба да ја намалат невработеноста, туку затоа што гледаат “терен” каде што би можеле да ја максимизираат својата добивка.
Во прилог на тоа одат разните државни поволности кои што ги добиваат странските инвеститори за кои што домашните инвеститори можат само да сонуваат, капиталистичките закони кои што ги потчинуваат работниците, пасивноста на синдикатите и секако, немањето на единство помеѓу работниците.
Поради тоа, за жал, имаме странски компании во кои што работниците се во улога на робови, без право на глас, без можност да добијат помош поради таквата ситуација.
Државата не смее да биде незаинтересирана за овие појави! Државата е должна да се грижи за интересите на своите граѓани, а потоа за се останато!
Итна трансформација на ЗРО, Колективните договори и Државниот Инспекторат за Труд е и тоа како потребна!