- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Кочовски: НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА СИ ИГРА СО ЖИВОТИТЕ НА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ НАШИ СОГРАЃАНИ

Кочовски- Работник
333views

Граѓаните ќе можеле да издржат уште некој месец без пари, бидејќи Законот за државјанство е поважен. Ваков е ставот на пратеникот од коалицијата Алијанса на Албанците/Алтернатива, Скендер Реџепи за блокадата на Собранието во носењето на законите за финансиска поддршка за компаниите и работниците.

Реџепи вели дека неговата партија е свесна за одговорноста која ја носи со овој чекор но вели дека во разговорите со нивните гласачи заклучиле дека тие се подготвени некој месец да истрпат без пари само да се донесе законот за државјанство.

Со реакција, преку фејсбук статус, излезе и Координаторот на трудовиот сектор на Левица Бобан Кочовски.

“Како човек кој што активно се бори за подобрување на работничките права и како личност која што целосно се вложува за подобрување на животот на работничката класа, ми сметаат изјавите на претставниците на опозиционата партија – Алијанса на албанците.

Имено, тие се спремни народот да нема за леб, само за да им се оствари желбата да се донесе скандалозен Закон за државјанство, со кој што ќе се прави незамислива штета на Република Македонија. За оваа партија поважни се политичките игри, а не самиот народ. Поважни се ситни поени, наместо самата егзистенција!

Некои луѓе треба да се преиспитаат какви животни вредности застапуваат и каде лежат нивните приоритети.

НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА СИ ИГРА СО ЖИВОТИТЕ НА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ НАШИ СОГРАЃАНИ, А НАЈМАЛКУ ПАРТИЈА СО ОСВОЕНИ 8% ОД ВКУПНИОТ БРОЈ НА ОСВОЕНИ ГЛАСОВИ!”, стои во фејсбук статусот на Кочовски.