Кој ја дава оцената за привремена спреченост за работа?

Кој ја дава оцената за привремена спреченост за работа?
Оцена за привремената спреченост за работа за првите 15 дена ја дава избраниот лекар од примарната здравствена заштита, а над 16 дена дава првостепената лекарска комисија на Фондот по предлог на избраниот лекар.
Издадената оцена за привремена спреченост за работа од страна на избраниот лекар од примарната здравствена заштита, односно од првостепената лекарска комисија на Фондот по предлог на избраниот лекар работникот е должен да ја достави до работодавачот во рок од 8 дена од истекот на секој од роковите претходно споменати, во спротивно осигуреникот е должен да се јави на работа.
Избраниот лекар од примарната здравствена заштита, односно лекарските комисии должината на траењето на спреченоста за работа ја утврдуваат во зависност од видот на болеста, повредата или потребата за нега на болен член на потесното семејство.
Доколку осигуреникот не е задоволен од оцената на лекарот, односно лекарската комисија може да поднесе приговор до првостепената лекарска, односно до второстепената лекарска комисија.
Тимот на Јуридика