Лекција по трудово право: Обврска за чување на деловна тајна – член 35 од ЗРО
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Обврска за чување на деловна тајна – член 35 од ЗРО
Законот за работни односи содржи одредби за чувањето на деловната тајна, во тој контекст работникот не смее да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на работодавачот, кои како такви со посебен акт ќе ги определи работодавачот и кои му биле доверени на работникот или со кои бил запознат на друг начин.
Секој работник кој доаѓа во контакт со материјали, информации и податоци кои се класифицирани е должен да ја чува тајноста на истите.
ПРАВИЛНО е да се смета, дека секој работник ќе сноси одговорност за издавање на деловна тајна, ако знаел или би можел да знае за таквото својство на податоците.
ПОГРЕШНО е ако претставниците на работниците и сите експерти што им помагаат им откриваат какви било информации на работниците, кои се од деловен интерес на работодавачот, а кои јасно им биле кажани во доверба. Оваа обврска продолжува да важи и по завршувањето на нивниот мандат.
ДОПОЛНИТЕЛНО во одредени случаи, според условите и ограничувањата утврдени со законот, може да се утврди дека работодавачот и не е обврзан да пренесе информации (дека се доверливи) или да се консултира кога природата на тие информации или консултации е таква што според објективни критериуми сериозно би го нарушила или би го довела во прашање функционирањето на работодавачот.
Проф. д-р Лазар Јовевски

