- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои имаат неискористени ваучери за во странство?

АППТ: Закрепнувањето - Работник
437views

Итна помош од државата за спас на туризмот и угостителството. Ветените пари од 5 сет да стигнат што поскоро, но да се размислува и за 6 и 7 пакет,  бараат од туристичко угостителскиот сектор. Минатата година била исклучително тешка за нив, регистрирале пад на прометот од 80 до 100 отсто. Бројките не се подобри и оваа. Ако не им се помогне најавуваат нови отпуштања, но и целосно згаснување на оваа гранка.

– Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата“, вели Ана Марија Алексова, член на Управен одбор на ТУК.

Оптимисти се дека оваа туристичка сезона  нема да биде пропадната, иако се ќе зависи од здравствената криза и мерките и препораките и од другите земји. Затоа бараат јасни насоки од државата – дали да работат на привлекување туристи, и дали да склучуваат аранжмани во соседните земји. Ако границите не се отворат, државата да им помогне да им се вратат парите на оние кои лани ги уплатија.

– Тие ваучери треба да се искористат до 21,12 оваа година. Како да ги искористат, ако не работиме. Затоа бараме да ни помегне, или да се продолжи важноста на тие ваучери, додава Алексова.

Инаку денеска министерот за економија најави дека најверојатно угостителите ќе бидат затворени и за престојните празници, на  уште две недели. Но помош за овој сектор ќе има. Какви мерки се планираат, ќе се дефинира наредната недела.

Извор: Сител