Кристијано Роналдо вработува: Платата е поголема од 5000 долари, но нема интерес за работната позиција

Кристијано Роналдо не успева да најде готвач да работи во неговата вила во Португалија, иако нуди плата поголема од пет 5 илјади долари, пишува Дејли Меил.

Изградбата на вилата треба да заврши во јуни, а фудбалерот планира да се всели во неа со семејството по истекот на договорот што го потпиша со Ал Наср.

Португалскиот магазин „Кориеро да Манха“ наведува дека проблемот е во барањата кои ги имаат Кристијано и неговата партнерка Георгина. Тие сакаат готвачот да биде мајстор во подготовката на традиционална португалска храна, но и интернационални јадења, вклучително и суши.

Фудбалерот наводно дизајнирал „специјална“ кујна за подготовка на јапонски специјалитети во споменатата вила. Тој е исклучително пребирлив кога е храната во прашање, па многумина не се осмелуваат да одговорат на огласот.

Потсетуваме дека Кристијано и неговото семејство моментално живеат во луксузен стан во Ријад каде една ноќ чини неверојатни 3.700 евра.

Фото: EPA-EFE/STR