КСС зеде учество на состанокот PERC за синдикални економски експерти
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати:
На 10 и 11 септември 2024 година се одржува редовен PERC Состанок на синдикални економски експерти. На состанокот присуствуваат економски експерти од регионот. Темата на овој состанок е “Праведна транзиција – промени во светот на работата”. Се разговараше за економското влијание на климатските промени, односно влијанието на Европскиот Зелен Договор врз Балканот, кои се глобалните приоритети и како до праведна транзиција кон одржливи економии. На состанокот свое обраќање имаа експерти од Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), проф. Бруно Серги, Амалиа Хамарлунд од Центарот за за праведна транзиција од Светската конфедерација на синдикати, Антон Лепик извршниот секретар на ПЕРК. На состанокот свое обраќање имаше и Претседателот на КСС, Благоја Ралповски.