МакедонијаПравдаСиндикат

КСС: Манчевски ги штити трошоците на функционерите, вработувањата на определелено и преку агенции

КСС: Не тврдиме - Работник
364views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС реагира на денешната изјава на Министерот за информатичко општество и администрација.

„Почитуван,

Денеска Ве прашавме, а вие наместо да одговорите не обвинивте за лажни вести. Еве уште еднаш ќе Ве прашаме со неколку факти и се надеваме дека конечно ќе добиеме одговор, иако во периодот што помина едно ни ветувавте а друго правевте.

Само да Ве потсетиме затоа што изјавивте дека сте прочитале, ние прашавме и не шириме лажни вести,  а Вие зашто одбивте да одговорите.

1.Дали се законски основани сите вработувања на определено време и преку агенции за привремено вработување по член 64 од Законот за работни односи во време на пандемија и вонредна состојба кога основот го нема? Само да Ве потсетиме на основот ’ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА ’

2.Дали бројката на вработени во јавниот сектор која сакате да ја префрлите во приватен сектор( да се ослободите од нас) е иста со оние на определено  и преку агенциите за привремени вработувања?

Еве прашуваме за сега, не за 31.12.2019 година затоа што договорите завршуваат тогаш и затоа што кажа дека е транспарентен иако немал обврска да ги објавува тие податоци ама да го потсетиме и дека презентација на лажни статистички податоци е злоупотреба.

Почитуван Министер,

Ги повикуваме медиумите и Вас лично дали сакате во 2018 год., дали сакате во 2019 год., дали сакате за последните 6 месеци или за периодот  од 01.01./02.01.2020год затоа што повторно ги пријавувате истите лица по обрасците М1 и М2 во агенцијата за вработување колку се вработени и по кој основ се вработени затоа што таму пишува се па да видиме кој лаже и да ја утврдиме вистината јавно и транспарентно.

Ајде заедно пред цела јавност да утврдиме пред вработените во јавниот сектор, пред стопанството затоа што пред нив не обвинувате секогаш нас дали е ова вистина што го збориме и дека парите што се исплаќаат на овие во моментов неоправдани и незаконски вработувања и парите кој ги трошат функционерите избрани и именувани од владата дека се повеќе од парите што сакате нас да ни ги скратите.

Сега се осмеливте да не етикетирате, а до вчера не прогонувавте, не деградиравте, делевте откази, казни, а тоа е затоа што  ја зборуваме вистината. Е, затоа министер нема кај нас ниту социјален дијалог ниту социјално партнерство, затоа што не делите на подобни и неподобни.

За крај очекуваме одговори и Ве предупредуваме дека ќе преземеме радикални мерки,доколку се осмелите да посегнете по нашата егзистенција, егзистенцијата на нашите семејста, впрочем и до вчера молчевме додека вие не излеговте со вакви идеи и предлози ,а и ако се присетиме во блиско минато дали ја зборуваме вистината или не или пак кој ја зборува вистината, да се присетиме темата со непотизмот со вработувањата не беше далеку само да Ве потсетиме“, пишуваат од КСС во реакцијата.