МакедонијаНовостиСиндикат

КСС оствари работна средба со претставници од Сојузното министерство за труд и социјална политика од Германија

   Време за читање помалку од минута

Претставници од Сојузното министерство за труд и социјална политика од Германија, г-дин Dr. Torsten Christen и Benedikt Bünker од Одделот за координација, ЕУ проширување, ЕУ парламент и надворешна соработка и г-ѓа Марина Серафимовска од Одделот за економија при Амбасадата на Германија во канцелариите на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија одржаа работна средба со Претседателот на КСС, Благоја Ралповски и Предраг Серафимовски, Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники,центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија.
На работната средба се разговараше за теми од областа на социјалното партнерство, активната политика на пазарот на труд, работничките права и работничката заштита.

Извор: KSS.mk