Светот на работникотСиндикат

КСС: Подготвени сме да се соочиме со тековите на модерниот свет

   Време за читање 1 минута

Во Гдањск, Полска во периодот од 5 до 7 февруари во организација на синдикатот ,,Солидарност”, се одржа меѓународна обука за Европски работнички совети, истакнаа од КСС

Според КСС, темата била обработка на финансиски информации како клучен фактор за успешни консултации и преговори.

Од синдикатот посочија дека Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС учествувала на обукатасо четворица свои преставници. Обуката била дел од двегодишен проект финансиран од ЕУ,чиј носител е ,,Солидарност” од Полска.

Од КСС велат дека во земјите од ЕУ со закон е регулирано функционирање на Работнички совети во мултинационални компании со цел информирање на работниците, пред се за финансиското работење на компаниите, а Македонија исто има донесено ваков закон кој ќе стапи во сила со зачленувањето на земјата во ЕУ.

„Дотогаш КСС како сила на новото време и прогресивен синдикат будно ќе ги следи современите текови,за спремни да ги дочекаме предизвиците на современиот свет“, наведоа од КСС.