МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Правото на годишен одмор најчесто се прекршува овој период во јавниот сектор

Вработените во јавниот сектор - Работник
278views

Пандемијата предизвикана од Ковид – 19 ги погоди и вработените во јавниот сектор, па поради тоа и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во неколку наврати апелираше на прекршувања на правата на вработените во јавниот сектор. Тие навестија дека нашата држава ја очекува и социјална криза, па порталот Работник испрати прашања околку актуелностите поврзани со јавниот сектор.

На прашањето јаква е актуелната ситуација со вработените во јавниот сектор, од КСС посочиија дека поради пандемијата со Ковид 19 по еден долг период поминат во работен процес кој се одвиваше на поинаков начин од нормалниот работен процес, вработените во јавниот сектор ја обавуваат работа на своите работни места.

„Поради мерките за спречување на ширење на Ковид 19, од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родители на деца до 10 годишна возраст, во овој период на работните места вратени се само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата“, велат од КСС.

Во однос на тоа дали имаат некоја забелешка во однос на платите на вработените во јавниот сектор од КСС наведоа дека во некои институции, односно само во еден дел од јавниот сектор имало кратење на платите, односно надоместоците на платите и до 20%, со одлуки донесени на Управните одбори.

За тоа дали вработените пријавуваат прекршувања на работничките права, од КСС истакнаа дека во овој период до Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија најчесто се пријавуваат прекршување на правото на користење на годишен одмор.

„Работодавачите најчесто не ги одобруваат барањата за користење на првиот дел од годишниот одмор за тековната година согласно потребите на вработените или и за времетраење на одморот вработените се повикуваат на работно место. Правната служба на КСС ги упатува нашите членови да постапат соодветно во согласност со законските прописи и уредбите со законска сила за отстранување на кршењето на правото од работен однос“, велат од КСС.

КСС излезе со неколку соопштенија преку кои предупреди за појава на социјлна криза.Кога според Вас ќе настане таа криза и кого истата најмногу ќе погоди?

За настанувањето на социјалната криза којашто ја најавија преку неколку нивни соопштенија до јавноста, од КСС сметаат дека здравствената криза во која се наоѓаме неминовно е дека води до економска криза, особено за слаби економии како нашата, каде голем дел од населението ќе го доведе до осиромашување.

„Голем број компании не се или нема да бидат во можност да ја преживеат кризата и ќе згаснат што ќе резултира со губење на работните места, а голем број на работници ќе останат без никаков приход за егзистенција. Како непобитен ефект од корона кризата е зголемувањето на социјалната нееднаквост, а најпогодени ќе бидат работниците со најниски приходи и најнизок степен на образование. Исто така големи социјални последици ќе претрпат и работниците кои се дел од неформалната, сивата економија, сезонски работници, долгорочно невработените“, потенцираа од таму.

Според нив, Македонија покажала дека во време на криза не знае да ги употребува средствата за стабилно управување со сложени ситуации, како што е социјалниот дијалог. Велат дека синдикатите не биле или делумно биле консултирани за прашања кои се однесуваат за скратување на права од работен однос како што бил обидот за кратење на платите, надоместоците на плата, правото на користење на годишен одмор и сл., па понатаму тие уредби паѓаа на Уставниот суд.

Заради надминување на социјалната криза мора да постои социјален дијалог со кој ќе се направи превентива за спречување на вакви кризи, носење на политики кои ќе имаат ефикасно решение за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, порачаа од КСС.

Во однос на формирањето на Влада и оддолговлекувањето на нејзиното формирање, од КСС сметаат дека тоа влијае на целата ситуација во која се наоѓаме со корона кризата, пред се од здравстевен, а потоа и од економски аспект. Секое економско продлабочување на кризата води кон социјална криза и губење на голем број на работни места или значително намалување на и така нискиот приход кој го имаат.

Тие се осврнаа и на злоупотребата на Уредбата за финансиска помош на компаниите кои примиле помош од државата, а не ги исплатиле платите. Оваа злоупотреба најостро ја осудуваат и сметаат дека Владата и релевантните државни институции не требало да дозволат да се злоупотреби уредбата, а за компаниите, побараа соодветно да се санкционираат, додека работниците да се обесштетат.

Бобан Илијевски