КСС преку кампања порачува: Да се заштитат правата на работнците во ек на пандемија
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС продолжува со кампањата „Да се слушне гласот на работникот“.
Денеска од КСС на фејсбук објавија пост со кој порачуваат да се заштитат работниците од пандемијата, со оглед на тоа дека многумина од нив се заразени, а пример за тоа се текстилните фабрики во Штип и Свети Николе.
Од КСС порачаа дека секој работодавач е обврзан да преземе мерки за заштита на безбедноста и здравјето на работниците, па и доколку е потребно привремено да се сопре работата, за да се прекине ширењето на вирусот.
Тие претходно во неколку наврати излегоа со свои предлог мерки за заштита на работниците од пандемијата, но истите не беа имплементирани или пак делумно беа имплементирани во некои сегменти, што резултираше со голем број на заразени работници.
КСС беше и еден од иницијаторите вирусот Ковид – 19 да се прогласи за професионално заболување, предлог којшто го даде и Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК


