МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС со безрезервна поддршка за утрешниот протест на Синдикатот на полицијата

КСС - Работник
400views

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) заедно со своите грански синдикати безрезервно го поддржува протестот на Синдикатот на полиција во Македонија, грански синдикат при КСС кој ќе се одржи утре 27.10.2020 година, истакнаа од КСС во соопштението. 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија е против секоја форма на дискриминација и неправда кон работниците, против секоја форма не депрофесионализација и нарушување на достоинството на работникот и ги поддржува сите форми на синдикално делување кои водат кон унапредување на правата на работниците, како и борбата за сите стекнати права кои ни следуваат на нас како работници и синдикални лидери, а кои постојани ни се прекршуваат и погазуваат, велат од КСС.

„Сметаме дека е недозволиво во една земја да се деградира и да се обесправува полицијата, да се загрозува професионализмот на една толку важна алка во општествениот ланец, да се нарушува достоинството на вработените и на нивните семејства“, посочија од КСС. 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија остро го осудува секој напад врз синдикалните лидери и ќе ги употреби сите свои средства во одбрана на честа на синдикалните претставници, бидејќи земја која претендира да биде Европска не смее да дозволи да се загуши слободата на здружувањето и слободната волја на работниците, стои во соопштението на КСС.