МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО ПРОТЕСТИ И ШТРАЈКОВИ АКО СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

   Време за читање 3 минути

Со носењето на Законот за административни службеници се одзема едно круцијално право на работниците, а тоа е усогласувањето на платите со минималната плата во март, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на денешниот протест пред Собранието.

Ние тоа го предупредивме уште пред потпишувањето на Општиот колективен договор и тоа беше причината и каменот на сопнување што го кажавме тогаш, а тоа е дека ќе се вратиме назад. Еве, не верувавме дека ова ќе се случи во овој предизборен прериод; не знам зошто го прават на ваков нетранспарентен начин. Еден закон е објавен на ЕНЕР, друг закон е пуштен во Собрание, немавме шанса за јавна дебата и мислам дека треба да се освестат пратениците и самите да го стопираат овој Закон, затоа што работникот во овој случај ќе биде најоштетниот.

Ралповски посочи дека платите нема да бидат намалени за 2,500 денари, туку тие нема да се усогласат со минималната плата, затоа што доколку се изгласа овој Закон, минималната плата повеќе нема да ја има како дел од основна плата, а тоа значи дека и минатиот труд кој се пресметува на основната плата нема да го има и отштетата на работниците за најмалку 50 евра во март ќе ја нема и со тоа голем дел од јавната администрација ќе биде сведена на ниво на минимална плата.

КСС веќе неколку пати ги повикала народните избраници да се освестат и едноставно да гласааат против овој Закон и да го отфрлат, посочи Ралповски и додаде дека тие немаат слух за нивните повици.

И во текот на вчерашниот ден повторно упативме допис до сите пратеници. Што ќе се случува понатаму не знам, но знам дека ова е симболично. Денеска имавме состанок каде одлучивме дека нема да дозволиме да се скрати ова право на работнците. Впрочем и во минатите години низ протести и штрајкови го баравме ова право. Дојдовме до некакво решение, а тоа е линеарното, иако ние баравме процентуално, но какво – такво, работниците добија нешто минатата година. Ако сега се скрати ова право, повторно ќе почнат штрајкови и протести, затоа што верувајте дека со минимална плата не може да се истера месецот и не можеме да бараме ефикасна администрација, рече Ралповски.

Коментирајќи го ставот на Министерот за информатичко општество и администрација за тоа дека Законот се спремал седум години, Ралповски посочи дека има повеќе текстови, односно преку десеттина текстови на Законот. Овој Закон како дел од реформата на јавната администрација нема ништо реформски во него, со него уште повеќе се поттикнуваат непотизмот и клиентелизмот, се отфрла мерит системот и образованието како еден од условите за професионална и реформирана јавна администрација, така што го повикуваме Министерот да каже што има реформски и европски, затоа што знаеме дека и денешниот што е во функција не е спроведен во целост.

Немаме потреба да носиме нови закони, треба само да ги имплементираме, додаде Ралповски и додаде дека Доколку се донесе Законот, КСС ќе продолжи со протести и штрајкови.

Инаку, пратеничката група на ВМР – ДПМНЕ поднела 14 амандмани на овој Закон.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера