Лажни огласи за работа: Како да се препознаат отворените позиции кои всушност не постојат
Се’ почесто при прегледување на огласи за работа можат да се забележат позиции кои работодавачите ги огласуваат како отворени, а вистината е дека всушност не ни се обидуваат да ги пополнат. Работодавачите можат да ги постават од разни причини, но тие можат да им одземат многу време на кандидатите и негативно да влијаат на нивниот поглед на фирмата.
Еве неколку совети како да ги препознаете ваквите огласи.
Сите имаме слушнато за „игнорирање“ во текот на процесот за вработување: Се пријавувате за работата, поминувате низ неколку круга на интервјуа, а потоа потенцијалниот работодавач нагло исчезнува
Но што е со работните места кои всушност никогаш не постоеле? Т.н. „ghost jobs“ се позиции на кои работодавачите тврдат дека активно вработуваат иако тоа не е точно.
Ова претставува проблем за многу баратели на работа: помеѓу 18 и 22 % од огласите за работа поставени на платформата Greenhouse во било кој квартал се сметаат за лажни, покажува извештајот за вработувања за 2024 година.
Зошто работодавачите поставуваат лажни огласи?
Постојат неколку причини поради кои работодавачите објавуваат вакви огласи. На пример:
- Сакаат да создадат впечаток дека нивната компанија расте.
- Се обидуваат да ги измамат постојаните, преоптоварени вработени за да помислат дека наскоро ќе им биде олеснето во вид на нов работник кој ќе им помогне во работата.
- Градат база ка кандидати за вистински работни места кои можеби ќе се отворат во иднина.
Без оглед на причината, кандидатите можат да препознаат одредени знаци кои укажуваат дека огласот е можеби лажен. Еден од главните показатели е ако огласот е активен неколку месеци.
„Ако огласот за работа е поставен повеќе од 30 дена, тоа е нешто што треба да го имате на ум и да си кажете: ’Овој оглас е тука веќе некое време, а се’ уште никого не вработиле. Можеби не им е итно да вработат некој’“, вели Тони Франа, водечки експерт за кариера на платформата FlexJobs. „Што побрзо се пријавите на огласот откако ќе биде поставен, тоа подобро.“
- Ако сте виделе оглас на платформи како што се LinkedIn или Indeed, проверете дали се’ уште е поставен и активен на официјалната веб страна на компанијата.
- Кога го читате огласот, сакате да најдете што е можно повеќе специфични детали.
„Понекогаш, ако описите на работните места не се јасни и не содржат многу детали за тоа што работата навистина подразбира, можно е некој од компанијата брзо да напишал нешто и да го поставил огласот за да види дали кандидатите ќе аплицираат и да го провери нивниот квалитет“, рекла администраторката за човечки ресурси и поранешен регрутер Џеки Квевас. „Затоа обрнете внимание на квалитетот на описот на работа – што повеќе информации, тоа подобро.
Доколку стигнете до интервјуто, прашајте за временската рамка за пополнување на позицијата, предлага Чарнај Хортон, експерт за кариера и извршен директор на компанијата за пишување на CV-ја Resume Addict. Можете да речете: „Можете ли да ми кажете повеќе за процесот на интервјуирање и кога менаџерот за вработување планира да донесе одлука?“ или „Можете ли да ми дадете дополнителни информации за тоа зошто оваа можност е достапна?“
Исто така, можете предвид да го земете прашањето: „Како оваа работа придонесува кон успехот на одделението?“ за да процените колку позицијата е важна и колку итно треба да се пополни.
Ако вашиот соговорник поспоро реагира во текот на процесот, тоа може да биде знак дека всушност не се обидуваат да ја пополнат позицијата.
„Кога работодавачите активно вработуваат, тие делуваат брзо, особено ако сте квалификувани за позицијата“, рекла Хортон. „Сакаат што е можно побрзо да ве доведат пред менаџерот за вработување за да не го изгубат вашиот интерес во текот на процесот. Ако имате чувство дека компанијата доцни со одговорите, можеби не е сериозна во врска со пополнување на позицијата.“
Бидете проактивни во потрагата по работа
На крајот, сакате да бидете „што е можно проактивни во своето истражување“, вели Франа. „Работата не е само во тоа да се прочита огласот и да се аплицира“, објаснува таа. „Можете да дознаете многу информации на веб страната на компанијата, на социјалните мрежи како LinkedIn и X, или едноставно преку пребарување на компанијата на Гугл и преку проверка на резултатите. Се’ тоа е дел од прибирањето информации кои можат да бидат многу корисни за вас како кандидати. Тоа е еден од чекорите кои им помагаат на барателите на работа да се фокусираат на работи кои можат да се контролираат во процесот, кога многу работи се вон контрола.“
Извор: Business Insider
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025