ПравдаСветот на работникот

Левица: Бараме да бидат ослободени од работа и еден од родителите кои имаат деца под 10 години, но не посетуваат градинка

   Време за читање 1 минута

Откако добиле повеќе пријави дека родители со деца под 10 годишна возраст (кои не посетуваат градинка) не можат да бидат ослободени од работни активности, денес поднеле официјално Барање до Владата и Министерството за труд и социјална политика, истакнаа од политичката партија „Левица“

„Преку нашиот допис побаравме дополнување и изменување на мерката усвоена на 16-та седница на Влада, односно мерката за ослободување да опфаќа и еден од родителите чиишто деца се малолетни до 10 годишна возраст, но не посетуваат никаква образовна установа. За овие родители, услов за користење на мерката е доставување на извод од родените на своето дете. Овој заклучок се однесува и на самохраните родители“, велат од Левица.

Од Левица сметаат дека претходно дефинираната мерка е ограничувачка и го отежнува функционирањето на родителите во вонредна ситуација кога образовните институции се затворени, при што јавно апелираат надлежните институции што побрзо да ја отстранат воочената неправилност.

1

2