Левица: Власта ја партизира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Деновиве, во јавноста излезе алармантна информација дека една од најважните државни институции за заштита на правата на граѓаните – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – ќе биде предизборно дополнително партизирана, изјавија од Левица.
Имено, за нови членови на комисијата се предлагаат: Флора Кадриу – поранешна пратеничка од Демократската партија на Албанците, Душан Томшиќ – советник во Министерството за труд и социјална политика од СДС и Зекир Абдулов – советник во општина Делчево од партијата ПДПР (коалиционен партнер на СДС).
Ова претставува уште едно предизборно вработување на партиска војска и понатамошно картелизирање на сите државни институции од страна на владејачките криминогени партии. Дополнително, со ваквата партизација, се загрозува независноста на ова тело, кое е клучно за заштита на најранливите општествени групи, велат од партијата.
И покрај очајно ниската доверба во институциите, криминогените СДС и ДУИ целосно ги узурпираа институциите со неспособен партиски кадар по клиентелистички заслуги, за што говорат и критиките во Извештајот на Европската комисија. Потребна е целосна департизација на јавната администрација, со цел креирање на функционален систем – што може да го реализира само неискомпромитирана нова политичка сила која пркоси на владејачкиот естаблишмент!, стои во соопштението на Левица.
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025