Левица: Во фирмата „Брако“ на Анѓушев на работниците им било наложено да ги перат маските за еднократна употреба
Додека СДСМ молчи за случајот со избркани 120 работници од фирмата „Каст Инвест”, добивме нова анонимна пријава за кршење на работничките права во уште една компанија на Кочо Анѓушев. Станува збор за велешката компанија „Брако”,каде управител е токму поранешниот вицепремиер, пишува Левица во соопштението за јавност.
„Според информациите кои ги добивме, родителите кои побарале да го оставарат своето право согласно препораките на Владата не добиле дозвола да отсуствуваат, при што работниците поради страв од отказ не сакаат да проговорат јавно. Работниците работат незаштитени подолго време, при што маските ко ги добиле за еднократна употреба им било наложено дома да ги перат“, истакнаа од Левица.
Според Левица, се работи за компанија која само во 2018 година остварила приход од 27 милиони евра и профит од 1,1 милиони евра, додека вработените работат во мизерни услови и без никаква заштита за време на пандемија.
„Ова е уште еден пример за легалната експлоатација на работниците од шака капиталисти, кои директно се дел од врхушката на власта. Со неплатениот труд на работниците, овие бизнисмени низ годините акумулираа огромно богатство преку кои ги корумпираат институциите и самата законска легилататива – преку директно легално кастрење на правата на работниците и механизмите за нивна заштита“, велат од Левица.
Од таму наведуваат дека иако работниците информираат дека во фирмите на Анѓушев немаат пристап инспекциите, како и во други компании на заштитени моќници, сепак Левица го пријави и овој случај во Државниот трудов инспекторат.
„Неодамна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека ќе се национализираат сите фирми кои профитираат за време на светската пандемија. Во тој случај, поранешниот премиер треба најпрво да започне со национализација на фирмите на неговиот партиски соработник, Кочо Анѓушев“, додаваат од Левица.
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025