- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Левица: Дали фирмата „ЕуроБрик” шест месеци не исплатила плата на вработените?

Левица: Дали фирмата „ЕуроБрик” - Работник
229views

Како партија која ги застапува интересите на трудот, ја известуваме јавноста дека до нас пристигнаа пријави од работници коишто сакаат да останат анонимни. Пријавите се однесуваат на скандалозното работење на фирмата „ЕуроБрик“ од Велес (поранешно „Киро Ќучук“), истакнаа од Левица во соопштението за јавноста.

„Имено, согласно добиените информации од вработените кои што го пријавија ова несовесно работење, во фирмата „ЕуроБрик“ сивата економија била во подем, поради тоа што вработените кои што работеле во изминатите шест месеци немале потпишано договор за вработување.Освен ова, овие работници за истиот тој период немале добиено плата, ниту пак им биле придонесите“, рекоа од Левица.

Advertisement

Според Левица, неколку вработени веќе имаат поведено судски спорови против оваа фирма, но се уште нема епилог од самите постапки. Оваа фирма често била предмет на инспекциски проверки од страна на Трудовиот Инспекторат, УЈП, претставници на Министерството за Екологија (поради тоа што биле големи загадувачи), но ретко кога била санкционирана.

„Ние, како политички субјект, ваквиот случај го пријавивме до Државниот Инспекторат за Труд, по што очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ја испитаат целава ситуација и соодветно да постапат. Исто така, правниот тим на Левица стои на располагање на овие работници во рамки на своите можности и капацитети“, посочија од Левица.

Advertisement
Advertisement

Advertisement