МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Мерките на Владата да бидат намените и за нас, обемот на работата ни е за 90 % опаднат во последните две недели, велат такси превозниците

Синдикалната организација на такси превозниците при Синдикатот за транспорт и врски во рамките наКСС поднесе допис до Владата на Р. Македонија за тешката состојба во такси превозот.

Тие во дописот наведуваат дека со појавата на корона вирусот и мерките за заштита и превенција на Владата, такси превозот е доведен во многу лоша состојба, посочувајќи дека работата кај сите такси превозници во изминатите две недели е намалена за 90 проценти.

Според нив причините за намалената работа се: Студентите кои воедно се најчестите корисници на такси превозот, веќе две недели не одат на настава. Голем дел од нив се заминати во градовите во внатрешноста, а и оние кои се во Скопје го намалиле своет движење; Со затворањето на рестораните, кафулињата и ноќните клубови значително бил намален обемот на работа во ноќна смена, а со воведувањето на полицискиот час ноќната смена е практично уништена.

Според нив, дополнителна причина е и забраната за влез на странци во земјава, со која се намали бројот на странски туристи, хотелите речиси и да не работат, а бројот на повици кои ги имале од хотелиерите за превоз на нивните гости е сведен на минимум.

Велат дека причина за тешката состојба е и слабата динимика на меѓуградскиот превоз, а со тоа е намален и сообраќајот на такси превозниците до и од меѓуградската автобуска станица, како и по затворањето на скопскиот аеродром, такси превозот од и до аеродромот е укинат.

Од синдикалната организација на такси превозниците посочуваат дека само им останале вработените од јавниот сектор кои одат на работа и назад до дома, но велат дека и нивното движење е со рестрикција.  Болните лица кои користат превоз до Клиниките и болниците, но тоа се само 10 проценти од вкупниот број на корисници на такси превозот.

Поради овие причини, а пред се поради апелите на надлежните органи за намалено движење, голем број од такси превозниците веќе две недели воопшто не работат и немаат никави приходи.

Тие побараа итна помош од Владата, односно мерките кои ги предлагаат да бидат наменети и за вработените во такси превозот.

„Бараме да ни обзебедат намалување на придонесите за месеците март, април и мај. Минимална плата од 14,500 денари и секако, овие мерки да бидат наменети за уредно пријавените такси превозници кои редновно ги сервисираат давачките кон државата“, велат од таму.

Тие посочија дека воедно ќе обезбедат одреден број на дежурни екипи кои ќе работат во ноќните часови, со цел граѓаните кои ќе имаат потреба од итна медицинска помош да најдат слободно возило, за да ги пренесе до одредена здравствена установа. Со тоа такси превозниците ќе дадат свој придонес во вонредната состојба.

Бобан Илијевски