НовостиПравдаСветот на работникот

Левица: Дури 242 партиски вработувања до Нова година

   Време за читање 2 минути


Еден месец пред новата техничка влада поради претседателските и парламетарните избори страната на Агенција за Администрација, дневните весници и интернет сајтовите за вработување никогаш не биле по полни од предизборните огласи за вработувања во сите јавни институции, од градинки до Министерства, велат од Левица во соопштението за јавноста.

Од Левица посочија дека страната на Агенцијата за Администрација во првиот круг на огласи што е до крај на месецов има вкупно 242 огласи за вработување за различни работни позиции во: Министерства, општини, финдови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено поправни домови, основни училишта, градинки.

Но за трагедијата наречена предизборно купување на гласови да биде уште поголема, вработувањата, согласно нелегалниот рамковен договор се вршат по националност и етнички клуч. Односно дури и овој нелегален и крајно не фер, етничко сегрегирачни начин за вработување во јавната администрација е континуирано прекршуван од страна на сецесионистите од ДУИ кои во име на „правичната застапеност“ ги има партизирано институциите,

велат од Левица.

Така да од 242 вработувања на страна на Агенцијата 140 се за Македонци, 9 турска националност, 4 Срби, 5 Роми, 3 Власи, 3 од друга националност додека пак преостанатите 86 работни места (или 35%) се „чуваат“ за кандидат од албанска националност,што е многу повеќе дури и од податоците на фингираниот попис, навеода од партијата.

„Позицијата на ДУИ како политичка партија на власт повеќе од 20 години и одлучувач за тоа дали СДС или ДПМНЕ ќе е „македонската партија“ на власт, две партии кои би ја продале и својата родена мајка за да дојдат на позиција за да ги крадат народните пари има создадена многу неповолна клима за соживот во државата и македонското население е доведено дури до позиција да бара доследно почитување на колонијалистичкиот рамковен договор.

Затоа Левица се залага за укинување на рамковниот договор како причината за етно-трибалистичкиот и сегрегирачкиот живот во Македонија како и за забрана на монолитни и чисто етнички партии и постоење само на идеолошки профилирани политички партии“, додадоа од партијата.