ПравдаСветот на работникот

Левица: Предизборен поткуп – Владата финансира (не)владини со народни пари!

Работеле на 40 часа - Работник
166views

Во ситуација кога државата се соочува со епидемиолошка криза која ги хендикепира институциите и кога народот тоне во сиромаштија, Владата доделува 500 илјади народни пари на 40 невладини организации. Листата на “добитници” вклучува сомнителни организации, како на пример невладина организација која е имплицирана во случајот “Рекет”, заедно со Боки 13, велат од Левица во соопштението.

“Додека Владата се раздава со 10 000 евра по невладини – работници се отпуштаат, невработените се оставени сами на себе, здравството заедно со своите вработени е на раб на колабс, а Министерката за финансии се обидува да нѐ залаже со смешни грепки од 100 евра”, истакнаа од Левица.

Според нив, ваквото бескрупулозно расфрлање со народните пари во околностите кога економијата е пред колапс, а јавниот долг вртоглаво расте, е само уште еден показател за расипничкото владеење на оваа криминална власт.

Од Левица наведоа дека покрај огромната финансиска штета, ваквото финансирање има и штетни политички последици.

“Како што одамна предупредуваме, финансирањето на различни невладини организации е само легализирано финансирање на владини послушници со народни пари. Ние денес имаме најмногу НВО по глава на жител. Немаме дилема дека ова повторно служи за синџир – окрупнување на владеачката коалиција преку финансиски „кураж“ на своите мегафони, особено засилено во предизборие. Сепак, најголемиот проблем лежи во тоа што преку ваквото поимање на “граѓанскиот сектор” тој игра една многу опасна и разорна социјална функција –  што создава два суштински проблеми”, посочија од Левица. А1

Како што наведува Левица, прво, ги трансферира обврските од државата кон невладините, при што ги ослободува од одговорност институциите на државата. Го стеснува делокруг на државни обврски и општествени функции, предавајќи ги на организации кои немаат никаква отчетност пред народот, а чија основна функција е да прават профит за мала група на послушни индивидуалци.

Второ, според нив е овозможување на отворен и непречен пат за компромитирање на голема политичка група од страна на властите, овозможувајќи однос на “дај ми го – на ти го”  помеѓу нив, но и споделена улога во ширењето на (нео)либералната пропаганда која е насочена кон угушување на народниот отпор и неговата политичка моќ.

Затоа, велат, Левица во својата програма предвидува регулирање на граѓанскиот сектор во Македонија, преку санкционирање на ширењето политичка пропаганда платена со странски пари, а спроведена преку домашни „тинк-тенкови“ и разно-разни невладини организации.