МакедонијаПравда

Левица предлага наставата да се одвива целосно онлајн

Работеле на 40 часа - Работник
127views

Соопштението на Левица ви го пренесуваме интегрално:

Политичката партија Левица е згрозена од постојаните пазарења и калкулации со животите на нашите најмили – децата. Политичките игри (и уцени) мора да имаат граница кога станува збор за нивното здравје. Тука нема да ја коментираме способноста на министерот, кој инсистира на настава во училиште а притоа и самиот бил заразен од КОВИД, да изнајде соодветен модел на организација за заштита на децата.

Левица со цел зачувување на здравјето на учениците, наставниците и нивните семејства, предлага наставата целосно да се одвива онлајн – знаењето може да се надомести, здравјето не!

Имено, МОН имаше повеќе од пет месеци време да изнајде соодветна сеопфатна платформа за онлајн едукација, како и да организира обуки за наставниците и родителите, но не го стори тоа. Затоа ние ги предлагаме бесплатните платформи Microsoft Teams, Google Classroom и G Suite Education. Со оглед на тоа дека почетокот на училишната година се одложува, се’ уште има доволно време да се организираат обуки за истите.

Што се однесува до мерките и насоките, ги имаме следните предлози:

1. Обезбедување настава на отворено во помали групи за првачињата, а во случај на временска непогода да бидат обезбедени простории – во училиштата или други соодветни простории кои се во владение на општината или одложување на започнувањето на училишната година за првоодделенчињата со можност истата да се одвива по скратена наставна програма од 1 февруари до 20 јуни;

2. Наставата да се одвива онлајн, преку видео-врска, а тестирањатада се одвиваат во живо, во групи од 4-5 ученици и со запазување на сите мерки на претпазливост,најмалку на секои три месеца, со можност учениците да имаат и консултации со физичко присуство во утврдени термини;

3. Обезбедување на задолжителна акредитација за G Suite Education за сите образовни институции со цел да се премине на онлајн настава од 2 до 9 одд во основните училишта и средните училишта;

4. Обезбедување на потребна техника од страна на МОН за учениците кои не се во можност да ја обезбедат самите;

5. Задолжителна едукација на наставниот кадар и учениците за G Suite Education и Google classroom;

6. Препорака за факултетите да ги прилагодат своите капацитети за практична настава, со формирање на повеќе помали групи на студенти, со запазување на протоколите за

Заштита од КОВИД;

7. Ангажирање на образовните асистенти за децата со ПОП, со целосен опфат на децата од таа категорија, а со цел да им се помогне во совладување на онлајн наставните содржини;

8. Обезбедување на (додатна и дополнителна) ТВ настава (на пример, да се адаптираат МРТВ 3, 4 или 5) за ученици од 1 до 5 одд., а наставниците кои ќе се пријават за тоа да бидат стимулирани со поголема плата;

9. Педагошката евиденција да биде водена само електронски;

10. Еден на еден настава во уметничките училишта, со запазување на мерките за претпазливост;

11. Да се обврзат наставниците по физичко образование да организираат активности на отворено, со држење на препорачаната дистанца.