- Advertisement -
НовостиПравда

Левица: Продолжува праксата на унапредување на партиски кадри

Левица - Работник
388views

Поради сомневања за незаконски унапредувања во судовите, Левица минатата недела поднесе Барања за инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд и до Државниот управен инспекторат – во врска со огласите за унапредување во Апелационен суд Гостивар, Апелационен суд Битола и Апелационен суд Скопје.

И покрај најавите за реформи во судството од страна на министерот Маричиќ, продолжува праксата на унапредување партиски кадри и роднини блиски до високи функционери, поради што Македонија се соочува со состојба на заробени институции – каде правото и правдата се сведени на обична хартија.