- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица: Субвенционирањето треба да биде според квалитетот, а не етничката припадност на граѓаните

Левица: Преку популизам - Работник
1.48Kviews

Претседателот на политичката партија „Беса“, Биљал Касами во една ТВ емисија рече дека во приватните компании треба да се воведе двојазичност. Од друга страна, првиот Вицепремиер Артан Груби рече дека ќе има субвенции за вработување на Албанци и други малцинства. Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи излезе со став дека не е коректно јавните пари, а Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека субвенциите ќе се однесуваат на сите сите етникуми во државата. 

За Левица, изјавата на Касами е небулозна и неприсебна исто колку и најавената мерка од страна на првиот вицепремиер Артан Груби за субвенционирање на приватни компании кои ќе вработат Албанци [или граѓани од другите помали етнички заедници], велат од партијата за порталот Работник. 

„Впрочем, ваквите барања се само логична последица од тоа што, со години наназад албанските партии, сите, без исклучок; едни во обид да ја замаскираат својата неспособност и некадарност во практицирањето на власта во насока на постигнување општо добро, а други пак за да го заташкаат своето криминално досие и за да го оттргнат вниманието како и одговорноста од себе, водат сурова трка во тоа кој ќе истакне поголеми и помегаломански националистички идеи како крајно политички примитивна метода на популизам и додворување кон гласачите Албанци“, велат од Левица. 

Од таму истакнаа дека може да се констатира дека ваквата практика, единствено придонела во тоа да само се интензивира етничката нетрпеливост и да се продлабочи сегрегацијата помеѓу различните народи во Република Македонија, а со тоа и да се воспостави, како што велат, не само парарелно општество туку и парарелни институции кои политиките ги кројат единствено по етнички клуч со што практично, крајно е нарушена унитарноста на државата а со тоа и нејзиниот капацитет за заедништво и социо-економски прогрес кој е насушно потребен. Според нив, сето ова довело во Македонија да се воспостави еден вид тиранија на малцинството, и тоа само на едно малцинство по чија мерка се кројат безмалку сите политички, а еве сега и економски, програми во државата.

„Но, и покрај ваквите трибалистичко-популистички барања, останува фактот дека оваа изјава на Касами од БЕСА е наменета исклучиво за своите и партиските војниците на коалиционите партнери, притоа потценувајќи ги останатите Албанци во Република Македонија кои што и тоа како го познаваат и немаат никаков проблем да го применуваат македонскиот јазик“, велат од Левица. 

Наведоа дека како левичарска политичка партија, на БЕСА им порачуваат дека; доколку навистина сакаат стабилна, просперитетна и спокојна средина за живот во Македонија, наместо промовирање на етно-трибалистичка политика, конечно да направат исчекор од останатиот албански блок на политички партии, и фокусирајќи се на класната структура на населението, преку програми за субвенционирање на квалитетниот кадар, воведување на позитивна социјална дискриминација и слични работнички мерки, да се обидат да придонесат кон подобрување и квалитетно подигнување на општите стандарди за живот и работа во Македонија, од што подеднакво ќе има корист секој поединец, без разлика на неговата етничка припадност.

Имено, денеска Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи го смени неговиот став на денешната прес- конференција и рече дека за етничките вработување ќе има расправа во Владата. 

Бобан Илијевски