Левица: Тренчевска ги остави пензионерите за Нова година без пензии
Новата година е на прагот, но за жал пензионерите нема да можат да му се израдуваат на празникот, од проста причина што ќе останат без пензии, истакнаа од Левица преку соопштение за јавноста.
Досега, како што велат, скоро секогаш МТСП за нова година предпразнично, предвреме ги исплаќаше декемвриските пензии, но оваа година тоа не е случај и пензионерите ќе ги добијат своите пензии дури на 2-ри, а некои и на 3-ти јануари.
Ако се земе предвид фактот, дека пензионерите со своите пензии едвај врзуваат крај со крај и пензиите им траат 10-тина дена, крајно нечовечки е МТСП да ги остави пензионерите предпразнично без пензии,
велат од Левица.
Според партијата, ова е уште еден показател дека оваа „ненародна Влада има изгубено чувство за реалноста и воопшто не им е грижа за народот, а најмалку за пензионерите и затоа ќе бидат ‘казнети’ од народот на следните избори“.
Инаку, некои од банките веќе ги пуштија пензиите на сметките на пензионерите, а некои ќе чекаат до 2-ри кога ПИОМ ќе им ги пушти парите.
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025