МакедонијаПравдаСветот на работникот

Лекарската комора за инцидентот во „8 Септември“: Здравствените работници заслужуваат поддршка, а не закани

Лекарската комора за инцидентот - Работник
113views

Лекарската комора најостро го осуди вчерашниот инцидент во Градската општа болница „8 Септември“, кога роднини на почината пациентка со ковид-19 се закануваа кон докторка барајќи сами да го подигнат телото и да го однесат на обдукција.

Комората во соопштението посочуваат дека имаат разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но осудуваат какво било насилство врз медицински персонал кој секојдневно се бори за здравјето на пациентите.

„Пациентите треба да имаат предвид дека здравствениот персонал безрезервно и максимално се вложува за нивното здравје, за сметка на своите семејства. Затоа сметаме дека тие заслужуваат само поддршка, а не закани. Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно дејствување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува од сите инволвирани“, стои во реакцијата на Лекарската Комора.