Работник во Дрекслмајер заразен од Ковид – 19
Вработен во фабриката во Дрекслмајер е новиот случај на заразен во коронавирусот во Кавадарци.
„Заразен е маж на возраст од 44 години, вработен во фабриката Дрекслмајер. Тој исто така барал тестирање поради пројавени симптоми и покачена температура. Сега се чувствува добро, останува на домашно лекување. Лица од фабриката со кои бил во контакт исто така од денес остануваат во домашна изолација, во тек на наредните две недели“, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци за „Фокус“.

