- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Лекарска комора: Помогнете им на здравствените работници, а не да ги напаѓате!

Лекарска комора - Работник
136views

Лекарската комора реагираше на денешниот физичкиот напад над здравствениот работник од Клиниката за пулмологија и бара ваквото однесување на граѓаните да престане.

„Се обраќаме до јавноста со најостра осуда за постапките на оние кои своите проблеми се обидуваат да ги решат со агресија. Почитувани сограѓани, здравствените работници несебично се вложуваат во борбата против пандемијата, а воедно тие самите, сакајќи да направат максимум за вашето здравје стануваат најизложени на вирусот коишто не загрозува сите нас. Медицинскиот персонал се наши пријатели, роднини и блиски, тие и вие сте исто во оваа глобална битка против пандемијата“, се вели во реакцијата на Комората.

Advertisement

Од Комората бараат граѓаните  да им помогнат на здравствените работници  да ја вршат својата здравствена дејност, а со своето коректно однесување и применување на мерките за заштита од пандемија да дадат уште поголем учинок во здравствениот сегмент во овие критични времиња.

Advertisement

Advertisement
Advertisement